САД ја повикаа Северна Кореја да се воздржи од нова нуклеарна проба

Од:

САД нагласија дека одблизу ја следат ситуацијата на Корејскиот Полуостров по најавите дека Северна Кореја планира нова нуклеарна проба и го повикаа Пјонгјанг да не презема никакви чекори, кои ќе претставуваат закана за регионалниот мир.

– Запознати сме со соопштенијата за можната активност на севернокорејскиот полигон за нуклеарни тестирања, изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки и додаде дека САД бараат од Северна Кореја да се придржува кон меѓународните обврски.

Најавите за нуклеарната проба на Северна Кореја се појавија точно пред посетата на претседателот на САД, Барак Обама на Јапонија и Јужна Кореја, каде тој ќе разговара за идниот пристап кон севернокорејската нуклеарна програма.

Обама денеска пристигнува во Јапонија, а во петок во Сеул.

Јужнокорејското Министерство за одбрана вчера алармираше дека има докази за зајакнати активности на полигонот за нуклеарна проба во северозападниот дел на Северна Кореја и оти Пјонгјанг може да изврши ново тестирање, кое ќе се совпадне со патувањето на Обама во регионот.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација