Американскот државен секретар Ентони Блинкен во име на народот на САД испрати сочувство до Јапонија за „трагичната смрт“ на поранешниот јапонски премиер Абе Шинзо.
-Заедно со народот на Соединетите Држави сакам да го изразам моето најискрено сочувство за трагичната смрт на поранешниот премиер на Јапонија, Абе Шинзо. Премиерот Абе беше глобален лидер и безрезервен сојузник и пријател на Соединетите Држави, чија визија за Слободен и Отворен Индо-тихоокеански регион го подигна нашиот Сојуз на соработка до нови височини, истакна Блинкен.
Тој испрати сочувство до семејството на премиерот Абе и до народот на Јапонија.
-Заедно со нив и со светот, ние тагуваме поради неговата заминување, рече државниот секретар.
Извор: МИА