САД: Изборите во Венецуела не се легитимни

Од:

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт изјави дека изборите во Венецуела не се легитимни, истакнувајќи дека САД поддржуваат „слободни и фер избори“.

– Денешните таканаречени избори во Венецуела не се легитимни. САД, заедно со демократските земји ширум светот, го поддржуваат венецуелскиот народ и неговото суверено право да ги избираат своите претставници по пат на слободни и фер избори, напиша Нојерт на Твитер.

Изборите во Венецуела подлежат на многубројни критики, бидејќи на некои од најпопуларните противници на претседателот на државата, Николас Мадуро, не им беше дозволено да се кандидираат, додека неколку од нив беа принудени на егзил.

САД, ЕУ и многу латиноамерикански земји најавија дека нема да ги признаат резултатите од денешните избори.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул