САД испратија ракетен уништувач во Оманскиот Залив

Од:

Сад испратија ракетен уништувач во Оманскиот Залив каде што се случија нападите на нафтени танкери, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

„Нема да толерираме никакво мешање и активности насочени против американската војска”, велат од ЦЕНТКОМ.

Станува збор за уништувачот „Мејсон“ од класата „Арли Берк“, а опремен е со навигациско оружје и крстосувачки ракети од типот “Томахавк”.

Командата, исто така, истакнува дека војната со Иран не е во согласност со стратешките интереси на САД и целата светска заедница, но исто така и дека Америка, и покрај тоа, ќе ја заштити слободата на пловење и трговијата во регионот.

Иранските и арапските медиуми објавија дека нафтените танкери “Фронт Алтајр” и “Кокука куреиџос”, биле нападнати во Оманскиот Залив. Според некои информации, се биле торпедирани, што предизвикало експлозии и пожар на бродовите.

Сепак, не постои официјална потврда дека токму тоа е причината за инцидентот. Сите членови на екипажот беа евакуирани во Иран. Според сопственикот на еден од танкерите, на “Фронт Алтаир” имало 11 руски државјани, ниту еден од нив не бил повреден.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

(ВИДЕО) Предупредување од Иран до американските сојузници: Не им помагајте или вие сте следни

Катерина Ѓуровски

САД: Подготвени сме да испратиме дополнителни воени сили на Блискиот Исток за кратко време

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: САД прават се за да спречат избувнување на поширок конфликт на Блискиот Исток