САД испратија два воени бродови кон Корејскиот полуостров

Од:

САД испратија два ескадрон ракетни носачи кон Корејскиот полуостров, за зајакнување на противракетната одбрана во регионот, јави ДПА.

Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека бродовите „Џон Меккејн“ и „Декатур“, вооружени со ракети „Иџис“, ќе бидат распоредени на однапред одредени позиции. Сепак, тој не потврди дека распоредувањето е одговор на зголемените тензии со Северна Кореја, истакнувајќи дека бродовите се испратени во регионот, а не конкретно на севернокорејските брегови.

Литл не потврди дека САД го зголемуваат военото присуство во регионот, нагласувајќи дека одговорот на САД е претпазлив, логичен и одмерен.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени