САД испратија бомбардери на Блиски Исток

Од:

Американската армија испрати два бомбардера Б-52Х на Блиски Исток во рамките на одвраќањето на потенцијалните напади од Иран, се наведува во соопштението на американската Централна команда (ЦЕНТЦОМ), која ги надгледува воените операции на Блиски Исток.

– Летот не се однесува на некаква навредлива акција, се работи за одвраќање на Иран од акција, изјави неименуван американски воен претставник.

Тој додаде оти американската армија неодамна забележала „загрижувачки индикатори во Иран“ односно дека Техеран или сили поврзани со него можеби планираат напади.

– Тие показатели заедно со континуираното намалување на бројот на американските трупи во Ирак и престојната годишнина од убиството на командантот на иранските елитни сили Кудс, Касем Сулејмани создаваат „натпросечен“ ризик од погрешна проценка на Иран, истакна неименуваниот американски претставник.

Двата бомбардери Б-52Х полетаа од базата Барксдејл во Лујзијана.

– Способноста на летање на стратешките бомбардери преку половина свет во непрекидна мисија и брза интеграција со повеќе регионални партнери ги покажува нашите блиски односи и нашата заедничка посветеност на регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТЦОМ.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски