САД испрати воени бродови кон Сирија

Од:

САД испрати свои морнарички сили кон Сирија, додека претседателот Барак Обама ја разгледува можноста за воена акција поради употребата на хемиското оружје во Сирија.

Тој нагласи дека мешањето во сириската граѓанска војна би било проблематично, имајќи во предвид дека на воениот напад би требало да му претходи меѓународна анализа на таа можност.

Неименувано официјално лице од Белата куќа прецизира дека Обама наредил да се соберат факти за да се утврди што точно се случувало во Сирија.

-Кога ќе ги провериме доказите, претседателот ќе донесе одлука како ќе одговориме, изјави официјалното лице, пренесе „Франс прес“.

Тој додаде дека Белата куќа има палета опции на маса, меѓу кои и воздушниот удар по примерот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

Американски воени официјални лица изјавија дека Воената морнарица во источниот дел на Средоземното море го испратила и четвртиот воен брод со балистички ракети, но без непосредни наредби за какво било лансирање на ракети врз Сирија.

Медиумите пренесуваат дека Обама е претпазлив кога се работи за војната во Сирија во која што загинаа повеќе од 100.000 лица, а се вмешани и Хезболах и Ал Каеда.

-Доколку САД отиде во друга држава и нападне без јасни докази, се поставуваат прашања дали тоа е во рамките на меѓународното право и дали имаме коалиција која може да го направи тоа – изјави Обама и додаде дека тоа мора да се има во предвид.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран