САД испраќаат војници за обучување на украинската војска

Од:

Пентагон ќе испрати помал број војници, кои ќе ги обучуваат во областа на медицината украинските сили, кои се борат против проруските сили во источна Украина.

Меѓу пет и десет војници следната година ќе отпатуваат во западна Украина во втората серија обука на припадниците на украинската војска, кои потоа ќе бидат оспособени да обучуваат други војници.

САД минатата година обучија околу 300 украински војници во областа на медицината на боеното поле.

Во меѓувреме британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека 75 британски војници следниот месец ќе пристигнат во Украина за да ги советуваат и обучуваат украинските сили.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација