САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Од:

Белата куќа наскоро ќе објави дополнителна воена помош за Украина во вредност до 275 милиони долари, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Тој нагласи дека поддршката „ќе ги задоволи критичните потреби на бојното поле“ и ќе вклучи муниција за ракетни системи, артилериско оружје и противтенковско оружје.

За време на брифингот во Лаос, Остин ја објасни и одлуката за испорака на противпешадиски мини за Украина. „Она што неодамна го забележавме е дека поради неуспехот на руските сили на начинот на кој се бореа досега, тие донекаде ја променија тактиката и повеќе не водат со механизирани единици“, рече тој.

Наместо тоа, тие водат со пешадиски единици кои можат да оперираат одблизу и да работат на подготовка на теренот за механизирани сили“.

Тој додаде дека на Украина сега и треба оружје како што се противпешадиски мини за да ги забави руските напори на теренот.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина