САД испраќаат дополнителни системи „Патриот“ во Полска како засилување

Од:

САД испраќаат две ракетни батерии „Патриот“ во Полска како „одбранбено распоредување“ што ќе се спротивстави на каква било потенцијална закана за сојузниците на НАТО за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на Европската команда (ЕУКОМ).

„По инструкции на министерот за одбрана и на покана на нашите полски сојузници, генерал Волтерс, командант на европската команда, нареди на американската војска во Европа и Африка да префрли две батерии ‘Патриот’ во Полска“, наведе капетанот Адам Милер, портпарол на ЕУКОМ, јави Си-Ен-Ен.

„Ова е претпазлива мерка за заштита на силите за поддршка на нашата посветеност на член пет и на кој било начин нема да поддржи никакви офанзивни операции. Секој чекор што го преземаме има за цел да ја одврати агресијата и да ги убеди нашите сојузници“, се вели во соопштението, повикувајќи се на принципот дека нападот на една членка на НАТО е напад врз сите членки.

Ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ се наменети за спротивставување и уништување балистички ракети со краток дострел, модерни авиони и крстаречки ракети, наведува Си-Ен-Ен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски