САД им доставија на Египет четири воени авиони Ф-16, што е дел од 20 авиони што ќе бидат испорачани во таа држава во оваа година. Испораката според западни медиуми значи дека двете страни соработуваат во воената област и покрај политичките несогласувања.
САД на Каиро веќе му доставиле 224 воени авиони Ф-16. Со години американската воена помош за Египет беше критикувана во Конгресот. На неа се гледа како на инструмент за влијание на САД врз таа држава и обезбедување американски воени бродови да имаат преференцијален достап до Суецкиот канал, јавуваат западни медиуми.
Американската воена делегација што присуствуваше при испораката на авионите, рагледала заедно со египетската страна и подготовка за заеднички воени вежби што треба да се одржат во октомври.