САД: Исламска држава се финансира од криминал

Од:

Екстремистите од Исламска држава заработуваат над три милиони долари дневно со криумчарење нафта, трговија со луѓе, кражба и изнудување, наведуваат американски експерти.

Американски разузнавачи и експерти тврдат дека екстремистите претходно се потпирале врз богати донатори од Персискиот Залив, но оти сега ситуацијата е променета.

Изворите на терористичката организација, која зазеде големи делови на Ирак и Сирија, ги надминува ресурсите на „која било друга терористичка организација во историјата“, изјави американски разузнавачки претставник, кој побара анонимност.

Големите приходи на ИД се една од причините зошто претставници на САД се загрижени поради таа организација, иако нема податоци оти планираат напади врз САД.

Исламска држава контролира и до 11 нафтени полиња во Сирија и Ирак, велат аналитичарите, а продава нафта и друга стока преку стари шверцерски мрежи во земјите против чии власти се бори – во курдските области на северот на Ирак, Турција и Јордан.

Американски разузнавачи не сметаат дека владите на тие земји се вмешани во криумчарење, но владата на САД бара од нив повеќе да сторат тоа да се сузбие.

Исламска држава продава нафта, која ја превезува во цистерни, по пониски цени – 25 до 60 долари за барел, додека регуларната цена е над сто долари. Експерт при Брукингс институтот во Доха вели дека само од нафта Исламска држава има над три милиони долари дневно.

Организацијата исто така заработила стотици милиони долари со криумчарење антиквитети од Ирак во Турција, како и од продажба на жени и деца како сексуални робови.

– Во активностите на собирање пари потсетуваат на мафијашка организација. Добро се организирани, систематски и го спроведуваат тоа со заплашување и насилство, вели американски разузнавачки претставник.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија