САД: Иран не смее да им наплаќа на танкерите за премин низ Ормутскиот теснец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не треба да им наплаќа на танкерите за минување низ Ормускиот теснец, по медиумските извештаи дека Техеран размислува за воведување такви такси.

„Постојат извештаи дека Иран им наплаќа на танкерите за минување низ Ормускиот теснец“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Подобро да не го прават тоа, а ако го сторат, треба веднаш да го спречат“, додаде тој.

Иран би можел да бара плаќање во криптовалути за време на двонеделното примирје со САД, објави „Фајненшл тајмс“, цитирајќи го Хамид Хосеини, претставник на Здружението на извозници на нафта, гас и петрохемикалии.

Западните лидери се спротивставија на можноста за наплата за минување низ теснецот. Трамп во посебен пост изјави дека „нафтата повторно ќе почне да се движи, со или без помош на Иран“.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец беше далеку под 10 проценти од нормалниот во четврток, и покрај кревкото примирје, бидејќи Иран ги предупреди бродовите да останат во неговите територијални води.

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив со американски воени бази, што доведе до зголемување на цените на нафтата и нестабилност на глобалните пазари.

Ормутскиот теснец е една од клучните светски бродски линии, преку која се пренесуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.

Би можело да ве интересира

САД вршат притисок врз Израел за деескалација на конфликтот во Либан

Од тешките повреди почина иранскиот функционер Камел Харази

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир