САД има план за напад врз Иран

Од:

Советникот на американскиот претседател Барак Обама за национална безбедност Том Донилон го информирал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за можен план за напад врз Иран.

Донилон вели дека тоа ќе се случи во случај да не вроди со плод дипломатијата чија цел е запирање на развојот на нуклеарната програма на земјата, пишува денеска израелскиот весник „Хаарец“. Планот е обелоденет овој месец за време на посетата на Донилон на Израел, наведува весникот.

Висок израелски претставник демантираше дека советникот на американскиот претседател Барак Обама, Донилон, го информирал премиерот Бенјамин Нетанјаху за резервен план на напад врз Иран.

Спорната вест ја објави израелскиот весник „Хаарец“, наведувајќи дека планот е обелоденет овој месец за време на посетата на Донилон на Израел.

– Ништо во написот не е точно. Донилон не се сретна со Нетанјаху на вечера, не се сретна со него во четири очи, ниту му претстави оперативни планови да се нападне Иран, рече неименуван висок претставник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа

Хамнеи: Американци, правите голема грешка

Трагедија на фестивал во Иран: Најмалку 21 мртов и над 6.000 повредени

Горан Наумовски

Иран го чека тајното писмо од Трамп