САД: ИД не стои зад падот на авион во Сирија

Од:

САД денеска ги отфрлија тврдењата на џихадистите на групата „Исламска држава“ дека собориле авион Ф-16 на меѓународната коалиција предводена од САД во источниот дел на Сирија.

– Доказите јасно укажуваат дека ИД не го соборила авионот како што тврди, соопшти американската Централна команда, која ги контролира акциите на авијацијата над Ирак и Сирија.

Командата не ја соопшти причината за падот на авионот, но потврди дека ИД заробила еден јордански пилот, што остро го осудува.

ИД вчера објави дека соборила авион на меѓународната коалиција предводена од САД во Сирија и дека заробила јордански пилот.

Џихадистите на својотата интернет страница објавија фотографии со кои докажуваат дека нивни борци го заробиле пилотот.

Официјален Јордан засега не го коментира настанот. Јордан е една од земјите што се придружи на коалицијата за воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро