САД и земјите од Персискиот Залив ја зајакнуваат борбата против финансирањето на тероризмот

Од:

САД и арапските земји од реонот на Персискиот Залив денеска постигнаа договор за формирање на центар за мониторинг на финасиските токови, како мерка за спречување на финансирањето на терорзимот.

Како што јави ДПА, ваквиот договор е постигнат на денешната средба во Ријад на лидерите на шесете земји членки на Советот за соработка во Персискиот Залив со американскиот претседател Доналд Трамп, кој од вчера престојува во посета на Саудиска Арабија.

Главни теми на средбата на Трамп со лидерите од Персискиот Залив беа конфликтите во Јемен и Сирија и односите со Иран, кој е главен регионален ривал на Саудиска Арабија.

Договорот за формирањето на центарот за борба против финасирањето на тероризмот го потпишаа американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во името на САД и саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Најеф ал Сауд во името на земјите од Заливот.

Предвидено е Трамп попладнево во Ријад да има обраќање и пред околу 55 лидери на исламските земји, при што според најавите од Белата куќа, тој ќе повика на „единство во борбата против радикализмот во муслиманскиот свет, која ќе ја претстави како битка меѓу доброто и злото“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија