САД и Талибанците преговараат за седумдневно прекинување на насилствата

Од:

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер денеска изјави дека САД и Талибанците преговарале за предлогот за седумдневно прекинување на насилствата.

Според извори на западни медиуми, мировниот договор меѓу САД и Талибанците ќе биде потпишан овој месец, ако Талибанците драстично ги намалат своите насилни активности и на крајот би можеле да доведат до повлекување на американската војска од Авганистан.

“САД и Талибанците преговараа за седумдневно намалување на насилствата”, изјави Еспер на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

“Се консултирав со сојузниците денеска за овој предлог и имавме серија продуктивни билатерални и заеднички состаноци на патот кон остварување на тој потег”, додаде тој.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во вторникот изјави дека американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео му истакнал дека е постигнат „значителен напредок“ во преговорите за Вашингтон и Талибанците.

Тие преговори беа делумно запрени со барањето на САД, Талибанците да го прекинат насилството како предуслов за повлекување на САД.

Околу 13.000 американски војници се во Авганистан, како и илјадници персонал на НАТО, осумнаесет години откако коалицијата предводена од САД ја нападна земјата по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму