Авганистанскиот парламент денеска го усвои договорот со САД и НАТО со кој на меѓународните сили ќе им биде овозможено да останат во Авганистан и по крајот на оваа година, пренесуваат амерканските медиуми.
Меѓународната воена мисија во Авганистан, започна во 2001 година и требаше да заврши на крајот на оваа година.
Со новиот договор, кој беше ратификуван од авганистанскиот парламент, САД и НАТО ќе можат да задржат вкупно 12.000 војници во Авганистан следната година, кои ќе бидат подршка на авганистанските сили.
Новиот договор е постигнат, откако весникот „Њујорк тајмс“ вчера објави дека претседателот на САД, Барак Обама, потпишал тајна наредба со која се дозволува проширување на американската воена мисија во Авганистан во наредната година.
Како што наведува весникот, со оваа одлука се обезбедува директна улога на американските војници во Авганистан за уште најмалку една година, а одлуката Обама ја донел на состанок со советниците за национална безбедност изминатите недели.