САД и Куба почнаа историски разговори во Хавана

Од:

Американски и кубански официјални лица почнаа денеска дводневни историски разговори во Хавана, со кои продолжуваат дипломатските односи и се отфрла повеќедеценискиот анимозитет на ерата на Студената војна.

Заменикот американски државен секретар Алекс Ли и кубанскиот претставник од МНР Џозефина Видал разговараат во првиот ден за прашња за имиграцијата, додека в четврток ќе стане збор за повторното отворање амбасади.

Тие разговори се први откако американскиот претсеадтел Барак Обама и неговиот кубански колега Раул Кастро на 17 декември лани постигнаа историски исчекор по 18 месеци тајни преговори.

Куба бара укинување на 53-годишното економско ембарго, бришење од американската листа на држави спонзори на тероризмот и престанување со практика за врбување кубански лекари да пребегаат во САД.

Американците бараат државата Куба да овозможи поголеми човекови права.

Висок претставник од МНР на Куба вчера направи јасна разлика меѓу обновувањето на дипломатските односи и прашањето за поширока нормализација на односите меѓу двете држави.

– Куба не ги нормализира односите со САД. Куба е за повторно воспоставување дипломатски односи со САД. Нормализацијата на односите е многу подолг и сложен процес, изјави неименуван претставник од кубанското МНР.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак