САД и Иран продолжуваат да разговараат за технички прашања за решавање на конфликтот

Од:

Претставници на САД и Иран продолжуваат со разговорите за технички прашања поврзани со решавање на конфликтот, јавува CNN.

– САД сè уште се обидуваат да најдат решение за проблемот, а преговорите на експертско ниво продолжуваат, изјави извор за CNN.

Сепак, тој изјави дека Вашингтон верува оти Техеран во моментов не ги исполнува клучните точки од меморандумот за разбирање потпишан од двете страни.

Според него, САД сметаат дека е неприфатливо иранските сили да напаѓаат бродови во Ормутскиот теснец.

САД извршија серија напади врз цели во Иран во текот на ноќта во среда и четврток како одговор на нападите врз бродови во областа.

Синоќа имаше судир, но прецизни детали за новите напади врз Иран не се познати.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено