САД и Грција постигнаа договор за распоредување американски беспилотни летала на Крит

Од:

САД ќе распоредат беспилотни авиони во својата база Суда на островот Крит, а во исто време го подигнуваат нивото на готовност на своите останати бази во Медитеранот и на Балканот, со цел да се справат со новите жаришта на тензии од Украина до Ирак, од Појасот Газа до Сирија, како и во земјите од Северна Африка, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Весникот прецизира дека на разговорите меѓу министрите за одбрана на Грција и на САД во Вашингтон минатата недела бил постигнат договор американски беспилотни авиони да бидат распоредени во американската база Суда на островот Крит.

Согласно договореното беспилотните авиони по две години ќе им бидат оставени на располагање на грчките вооружени сили.

Весникот нагласува дека грчката страна се согласила американските беспилотни авиони да бидат распоредени на нејзина територија со аргумент дека на тој начин тие ќе можат да бидат искористени за поефикасно стопирање на растечкиот проток на бегалци во регионот.

Министрите за одбрана се договориле и за заедничко производство од страна на грчки и американски вооружени фирми на 30 илјади парчиња муниција за тенкови Леопард, зделка вредна 150 милиони евра, а исто така и за модернизација и одржување на 350 оклопни возила донирани од САД за грчката армија (зделка вредна осум милиони евра) и за модернизација на четири авиони за потребите на флотата (350 милиони евра).

Реализацијата на програмата ќе биде спроведена од американската компанија „Локхид“ заедно со грчката ЕАБ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија