САД му префрлиле 15 милиони долари на меѓународниот фонд за помош на сириската опозиција, создаден од неколку земји, меѓу кои се Германија и Обединетите Арапски Емирати.
Владата на Барак Обама го информира Конгресот дека средствата ќе бидат наменети за изведување заеднички активности на опозицијата при управување со заземените територии, обновување на разурнатите инфраструктирни објекти, испорака на вода, прехранбени производи и најпотребни предмети, пренесе ИТАР-ТАСС.
Се очекува вкупниот износ на фондот за помош на сириската опозиција да надмине 130 милиони долари. Овие пари ќе бидат потрошени само за цивилни проекти и хуманитарни цели.
Меѓународниот фонд за помош на населението на Сирија дејствува од крајот на минатата година под патронат на ОН.