САД соопштија дека успеале да го уапсат осомничениот за нападот врз американскиот Конзулат во Бенгази во 2012 година, Ахмет Абу Хатала, бидејќи тој планирал и други напади врз Американци.
Во писмо до рускиот постојан претставник во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, кој е ротационен претседател на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во организацијата, Саманта Пауер посочува дека САД имаат право да се заштитат.
Пауер додава дека истрагата покажала дека Хатала е клучна личност во нападот врз американскиот Конзулат во Бенгзи и оти тој и натаму подготвува вооружени напади врз Американци.
– Мерките преземени за апсење на Хатала во Либија беа неопходни за да се спречат натамошни такви напади. Тие беа во согласност со правото на САД да се заштитат, наведува Пауер во писмото.
Хатала беше уапсен во неделата во близина на Бенгази во операција на американските сили со поддршка на агенти од ФБИ.