САД го преполовија бројот на бегалци кои ќе ги примат во 2018 година

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го преполови бројот на бегалци кои САД ќе ги примат во текот на 2018 година, и го сведе на најмногу 45.000 лица.

Во 2016 година САД примија 84.995 бегалци, а претходниот претседател Барак Обама сакаше оваа бројка да ја зголеми над 100.000 годишно.

Според планот на Трамп, САД ќе примат најмногу 19.000 бегалци од Африка, 17.000 од Блискиот Исток и Јужна Азија, 5.000 од Источна Азија, 2.000 од Европа и Централна Азија и 1.500 од Јужна Америка и Карибите. Се очекува реалната бројка на бегалци кои САД ќе ги примат да биде далеку под 45.000, ако се земат предвид сите потребни административни процедури кои треба да бидат исполнети за нивен прием.

Белата Куќа има став дека е многу поекономично бегалците да бидат згрижени блиску до земјите од каде потекнуваат, каде САД ќе испраќаат хуманитарна помош и средства за градење на бегалски кампови. Според администрацијата на Трамп, трошоците за превоз, безбедносна проверка, сместување и интеграција на бегалците во САД се далеку повисоки и подобро е истите издвоени средства да се искористат за упатување помош до поголем број бегалци сместени во кампови во држави блиску до воените зони како што се Турција, Јордан и Либан.

Најголем дел од бегалците кои САД ги примиле во 2016 година биле жени и деца. Од вкупната бројка, 70 проценти се државјани на Конго, Сирија, Мјанмар, Ирак и Сомалија.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени