САД го повикаа Иран да даде нови предлози за претстојните преговори за нуклеарната програма

Од:

На само неколку дена пред возобновувањето на преговорите за иранската нуклеарна програмана во Женева, САД денеска го повикаа Иран да даде нови предлози за преговараќкиот порцес.

– „Шесторката“ на масата во Алмати пролетва стави еден предлог и според мене Иран не возврати категорично на тој предлог, изјави државниот секретар на САД, Џон Кери, во маргините на Самитот на организацијата на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), што се одржува на индонезискиот остров Бали.

– Затоа ни треба соодветна серија предлози со кои Иран детално ќе објасни како пред светот ќе може да докаже дека има мирновременска програма, додаде Кери.

Со ова тој топката повторно ја префрли кај Техеран, кој вчера побара светските сили да ги променат своите позиции во нуклеарните преговори, нагласувајќи дека нивниот претходен предлог не бил валиден.

Кери го нарече „охрабрувачки“ говорот на иранскиот претседател Хасан Рохани во ОН, со кој тој се огради од својот конзервативен претходник Махмуд Ахмадинеџад.

– Разликата треба да се докаже со дела, а не со зборови, рече Кери.

Тој наглаи дека доколку ова се случи „САД и нивните сојузници се целосно подготвени да направат соодветен чекор како одговор на таквите активности“.

На средбата во Алмати во текот на пролета групата на петте постојани челнки на Советот за безбедност на ОН и Германија на Иран му предложи да го намали збогатувањето ураниум до ниво од 20 проценти и да го замрзне збогатувањето во подземниот нуклеарен објект Фордо, јужно од Техеран. Во замена за тоа на Иранците им беше ветено укинување на санкциите што се однесуваат на трговијата со злато и нафта.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, меѓутоа, вчера изјави дека овој предлог „заминал во историјата“ и дека „шесторката“ треба „да седне на преговорачката маса со нов пристап“.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он