САД го отфрлија барањето на Северна Кореја да биде призната како нуклеарна држава

Од:

САД го отфрлија денеска категорично барањето на Северна Кореја да биде призната како нуклеарна држава.

-Барањето на Северна Кореја да биде призната како држава, која поседува нуклеарно оружје, не е ниту реално, ноту прифатливо, изјави Томас Кантримен, помошник-државен секретар за прашање за неширење на оружјето за масовно уништување и меѓународна безбедност, кој ја предводи американската делегација на преговорите во Женева за разгледување на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Северна Кореја побара денеска да биде призната како нуклеарна држава, отфрлувајќи го условот, кој и беше поставен од САД да се откаже од нејзината нуклеарна програма и да почне преговори.

Пјонгјанг освен тоа се закани и дека ќе ја забрза нуклеарната програма како одговоро на извештајот на Стејт департментот на САД, во кој Северна Кореја се обвинува за нарушување на човековите права.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев