САД го осудуваат произволното протерување на британските дипломати од Белорусија

Од:

САД се солидаризираат со Велика Британија и ја осудуваат депортацијата на двајца британски дипломати од Белорусија, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

-Овој произволен и неоправдан чекор од страна на белоруските власти е уште еден обид за прикривање на притискот и репресиите со кои белоруските граѓани, активистите и медиумските работници секојдневно се судираат во својата борба за демократија, се вели во соопштението.

САД продолжуваат со повиците до Минск да се престане со репресиите и да се послушаат барањата на белорускиот народ за организирање слободни и чесни избори под независен мониторинг.

Како што е веќе познато, властите на Белорусија завчера прогласија двајца британски дипломати за персони нон-грата и потоа ги депортира од земјата. Велика Британија утредента протера двајца белоруски дипломати како одговор на дејствата на Белорусија, нарекувајќи го таквиот чекор „целосно неоправдан“.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски