САД ги поддржале преговорите со ИД за спасување на американскиот заложник, кои не беа успешни

Од:

Американските функционери надлежни за прашањето за антирероризам го одобриле водењето на преговорите со двајца познати џихадистички духовни лидери во неуспешен обид да биде спасен животот на американскиот заложник, кој подоцна беше обезглавен од екстремистите од Исламска држава, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.

Весникот повикувајќи се на размена на писма по електронска пошта истакна дека разговорите со имамите од ИД, со цел да биде ослободен хуманитарниот работник Питер Касиг, почнале кон средината октомври и траеле неколку недели, а за нив знаело и американското ФБИ.

Официјални американски претставници засега не дале коментар на пишувањата на „Гардијан“.

Според весникот инцијативата за преговорите била дадена од њујоршкиот адвокат Стенли Коен, кој претходно бил адвокат на зетот на Осама бин Ладен и на  членови на Хамас во судовите во САД.

Преговорите беа несуспешни, а џихадистите го обезглавија 26-годишниот Касиг на 26 ноември.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро