Портпаролката на Стејт департментот Мери Харф изјави дека силите на САД го фатиле лидерот на Талибанците во Пакистан, Латиф Мехсуд.
-Можам да потврдам дека американските сили го заробија терористот Латиф Мехсуд, рече Харф и додаде дека се работи за висок командант на талибанското движење ТТП во Пакистан-истакна таа но не наведе детали за местото и датумот на операцијата.
-Мехсуд е висок командант на ТТП и беше близок со водачот на групата Хакимулах Мехсуд, додаде таа и наведе дека ТТП ја презеде одговорноста за обидот за бомбашкиот напад на Тајм сквер во Њујорк 2010 година.
Според неа таа организација е одговорна за неколку напади на американски дипломати во Пакистан, како и за напади во кои загинаа пакистански цивили.
Од формирањето на ТТП во 2007 година, Талибанците во Пакистан ги напаѓаат воените сили. Организацијата ја презеде одоговорноста и за нападот на младата активистка за право на образование на жените Малала Јусуфзаи.
Елена Георгиевска