САД евакуираа поголемиот дел од дипломатите од конзулатот во Лахор

Од:

Стејт департментот на САД нареди евакуација на речиси целокупниот дипломатски персонал од конзулатот во пакистанскиот град Лахор поради закана од терористички напад.

Евакуирани се сите дипломати, чие присуство во Лахор не е апсолутно неопходно. Тие се префрлени во Исламабад.

US-Lahor

Американски официјален претставник истакна дека евакуацијата е наредена поради закана конкретно насочена кон конзулатот во Лахор.

Според него, ова е безбедносна мерка што не е поврзана со неодамнешното затворање на околу 20 американски дипломатски претставништва во земјите од Блискиот Исток и Северна Африка.

Стејт департментот, исто така, упати предупредување до своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени