САД е подготвена за ракетен напад од Северна Кореја

Од:

САД е потполно подготвена да се одбрани од ракетниот напад на Северна Кореја, соопшти Белата куќа, бидејќи Пјонгјанг се закани за превентивен нуклеарен напад.

Заканата од Пјонгјанг пристигна пред едногласното изјаснување на Советот за безбедност на Обединетите нации, со кој се усвоени досега најтешките санкции за Северна Кореја, како одговор на минатомесечната нуклеарна проба.

-Можам да ви кажам дека САД потполно е подготвена да се брани од секаков севернокорејски ракетен напад – изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Северна Кореја изведе три нуклеарни проби, но експертите се сомневаат дека може да постави нуклеарни глави на балистичките пороектили кои може да стигнат до САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина