САД: Џорџија прво ја потврди победата на Бајден, па се предомисли

Од:

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, утринава изјави дека изборните органи во оваа сојузна држава ја потврдиле победата на Џо Бајден, но по неколку часови ја повлече изјавата и рече дека постапката за сертификација се уште не е завршена.

Во Џорџија имаше рачно пребројување на гласовите, по барање на изборниот штаб на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Разликата меѓу Бајден и Трамп во оваа сојузна држава е релативно мала. Според досега објавените резултати, Бајден добил 49.5 отсто од гласовите на избирачите или 2.474.141 гласови, додека Трамп добил 49.3 отсто од гласовите или 2.462.857 избирачи гласале за него.

Ако биде сертифицирана победата на Бајден, тој од Џорџија и официјално ќе добие 16 електорски гласа.

Како новоизбран претседател на САД, тој денеска планира да се сретне со демократите во Конгресот, дел од неговото преземање на власта во Белата куќа, иако претседателот Трамп се уште врши напори за поништување на изборниот резултат.

Претседателот во Белата куќа за денеска попладне има закажано средба со група републикански законодавци од Мичигин, кои наводно треба да покажат докази дека гласањето било со недоследности.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он