САД дозволија авионите Боинг 737-Макс повторно да летаат

Од:

Компанијата Боинг денеска доби дозвола од американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) дека нејзиниот авион 737Макс повторно може да сообраќа, по речиси две години откако беше приземјен во целиот свет поради две катастрофални несреќи во кои загинаа неколку стотици патници.

Шефот на ФАА, Стив Диксон потпиша наредба за укинување на забраната за летови, при што агенцијата објави директива во која детално се наведени бараните промени во однос на надоградба на софтвер и обука на пилоти, кои Боинг мора да ги исполни за да продолжи со комерцијалните летови.

Авионите 737Макс беа приземјени 20 месеци, најдолго во историјата на комерцијалното воздухопловство, по двете уривања во 2018 и 2019 гдоина во Индонезија и Етиопија во рок од само пет месеци, при што загинаа 346 луѓе.

Воздухопловните власти во земјите од Европа, Бразил и Кина, исто така, мораат да им одобрат на своите авиокомпании за комерцијалните летови на авионите 737Макс по спроведување на нивна независна контрола за безбедност на леталото.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски