САД досега изгубија седум борбени авиони во војната со Иран

Од:

Америка досега изгуби седум авиони во војната со Иран. Покрај уништените F-15 и A-10, САД изгубија уште авиони.

Еве еден преглед:

2 март: Три F-15 се соборени од кувајтската воздушна одбрана во инцидент со „пријателски оган“ над Кувајт. Сите шест члена на екипажот безбедно се катапултираа, а американскиот министер за одбрана Пит Хегсет рече дека пилотите веќе се вратиле во операциите против Иран.

12 март: Шест члена на екипажот се убиени кога нивниот танкер KC-135 се урна во Ирак. Американската војска вели дека авионот не бил погоден од оган, туку бил вклучен во инцидент со друг авион за време на операцијата „Епски бес“. Другиот авион безбедно слета.

27 март: Американски авион за надзор E-3 Sentry е уништен на пистата во ирански напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија. Најмалку 10 американски војници беа повредени во нападот, но никој не беше убиен. Еден танкер беше исто така оштетен.

Американски борбен авион Ф-35 изврши итно слетување во база на Блискиот Исток минатиот месец откако, наводно, бил погоден од ирански оган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација