САД добија одговор од Русија по поднесувањето на предлозите пред три недели, изјави претставник на Стејт департментот

Од:

Соединетите Американски држави денеска добија одговор од Русија, откако САД и дадоа писмен документ пред три недели, изјави висок претставник на Стејт департментот.

„Можеме да потврдиме дека добивме одговор од Руската Федерација. Тој денеска беше доставен до амбасадорот Саливан во Москва“, рече претставникот на Стејт департментот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека Москва денеска ќе го испрати својот одговор до САД за безбедносните гаранции, по средбата со неговиот италијански колега. Лавров рече дека Москва јавно ќе го објави писмото.

Писмениот документ што САД и го дадоа на Русија поставува „сериозен дипломатски пат напред доколку Русија го избере тоа“, рече американскиот државен секретар Тони Блинкен во јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија