САД: Дневниот брифинг повеќе не му се доставува на поранешниот американски претседател Бајден

Од:

Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, денес изјави дека наредила одземање на безбедносните дозволи на 37 активни и поранешни разузнавачки службеници.

Габард изјави дека овие членови на американската разузнавачка заедница се обвинети за „политизирање и манипулирање со разузнавањето“, објави Ројтерс.

Во март 2025 година, Габард, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, ги одзеде безбедносните дозволи на поранешниот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, и поранешниот советник за национална безбедност, Џејк Саливан. Кратко потоа, таа објави на својот профил X дека редовниот дневен претседателски брифинг „веќе не му се обезбедува“ на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

Би можело да ве интересира

Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Во САД се „отвара“ скандал за војната во Иран

Вашингтон со нова инвестиција за намалување на зависноста од увоз на минерали

Иран: Заробивме американски шпиони

„Њујорк тајмс“: Белата куќа го нападна Иран без никаква стратегија

Ројтерс: Хамнеи го отфрли предлогот за прекин на огнот со САД