САД предлагаат награда од пет милиони долари за кинески бизнисмен, осомничен за испорака на делови за ракети на Иран.
Министерството за финансии соопшти дека санкционира осум компании на кинескиот бизнисмен Ли Фанвеј поради наводни испораки на ракетни единици за Иран. Бизнисменот бил објект на американски санкции и претходно.
Министерството додава дека предлага награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до апсење или осудување на Ли.
Објект на санкции на американското Министерство за финансии е исто така фирма во Дубаи и неколку лица, за кои се смета дека му помагале на Иран да избегне санкции на САД врз иранска нафтена индустрија.