САД: Цврсто стоиме зад ветувањата дадени на Тајван

Од:

САД цврсто стојат зад своите обврски кон Тајван и сојузниците во регионот, изјави делегацијата предводена од поранешниот началник на американскиот Генералштаб Мајк Мулен, испратена во Тајпеј од претседателот Џо Бајден.

„Соработката меѓу САД и Тајван е посилна и пообемна од кога било досега, рече Мулен за време на посетата на поранешните американски претставници од одбраната и безбедноста на островот.

Тој и рече на тајванската претседателка Каи Инг-Вен дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на какви било уеднострани промени на „статус кво“ и ќе продолжат да го поддржуваат мирното решение во однос на прашањето за Тајванското Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Силен земјотрес во Тајван

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји