САД: Целосно вакцинираните луѓе не мораат да носат маски и да држат дистанца

Од:

Луѓето кои се целосно имунизирани на Ковид-19 повеќе не се обврзани да носат заштитни маски за време на активности на отворен и затворен простор, прогласи денеска Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ). Новите насоки се сметаат за досега најголемо олеснување на рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот.

Сепак, во одредени околности, и луѓето кои примиле две дози од вакцината ќе мораат и понатаму да носат маски: во авионите, автобусите и возовите, како и во болниците, домовите за стари луѓе, засолништата за бездомници и во затворите, се вели во новите препораки на ЦДЦ.

Според институцијата, олеснувањето на мерките е засновано врз последните научни сознанија, според кои целосната имунизација, со две дози од вакцината, дополнително го намалува ризикот од инфекција и пренесување на вирусот на други луѓе, покрај заштитата од тешките форми на болеста и од смртен исход.

Бројот на заразени и починати од вирусот во САД се намалуваат во изминатите недели, а во јавноста се појавија критики од експерти за јавно здравје, кои велат дека ЦДЦ пристапува премногу претпазливо со насоките.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“