САД би можеле да почнат со вакцинација за Ковид-19 веќе на почетокот од декември

Од:

Монсеф Слауи, главниот човек во тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, за брзото производство на вакцината против коронавирус, рече дека првите Американци би можеле да почнат да ја примаат вакцината во првата половина на декември.

Слауи рече дека тоа значи дека вакцината, доколку биде одобрена, може да почне да се користи веќе следниот ден. Одборот на Агенцијата за храна и лекови кој треба да дозволи употреба на вакацината ќе има состанок на 10.декември.

– Нашиот план е да можеме да ги доставиме вакцините на местата за имунизација во рок од 24 часа по одобрувањето, па претпоставувам дека тоа би можело да биде вториот ден по одобрувањето на 11. или 12 декември, рече тој за Си-Ен-Ен.

Експертите велат дека на почетокот нема да има доволно вакцина за сите. Групи со највисок приоритет ќе бидат здравствени работници, старите лица и лица со други болести. Според најавите, вакцинацијата на децата би почнала во текот на следната година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија