САД бараат ОН да се „отрезнат“

Од:

САД се со став дека голем број амбасадори во ОН имаат проблем со пиењето, јавуваат американски медиуми.

Амбасадорот Џозеф Торсела кој ја претставува САД во буџетска комисија на ОН изјави синоќа дека и без тоа тешкиот процес на преговори за годишниот буџет на светската организација се усложнува од фактот дека некои дипломати доаѓаат на седници во пијана состојба.

Буџетот на ОН се финализира во декември.

Западни медиуми цитираат дипломати кои учествувале во седници на таа комисија според кои не е реткост да се видат делегати со знаци „дека се под големо количество алкохол“.

Торсела изјави дека САД предлагаат во иднина салите за преговори да бидат „зони без алкохол (пијанство)“ и да се наздравува по веќе успешно завршена работа.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски