САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

Од:

САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Нападите придонесоа за пораст на цената на нафтата, која порасна за речиси четири отсто од 12 март, кога Украина првпат почна да ја таргетира руската енергетска инфраструктура.

Понатамошниот пораст на цените на бензинот во Соединетите Држави ќе го ослабне рејтингот на претседателот Џо Бајден и ќе ги поткопа неговите изгледи за реизбор.

Русија и Украина користеа беспилотни летала за напад на клучните инфраструктури, воени инсталации и концентрации на војници во повеќе од две години војна, при што Киев во последните месеци ги таргетираше руските рафинерии и енергетски објекти.

Русија во петокот го изврши својот најголем напад со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на Украина до денес, погодувајќи ја најголемата брана во земјата и предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку региони, соопштија властите во Киев.

Украинската државна хидроенергетска компанија соопшти дека во рускиот напад била погодена најголемата брана во Украина, ДнипроХЕС во Запорожје, но дека нема опасност од пукање, а зафатена е и електроенергетската инфраструктура во другите региони.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“