САД: Асад користел хемиско оружје

Од:

САД имаат цврсти докази дека силите на сирискиот претседателот Башар Ал Асад користеле хемиско оружје против опозициските сили, со што ја преминале црвената линија, соопшти Белата куќа.

Претседателот на САД, Барак Обама претходно најави дека преминувањето преку таа граница може да допринесе до поголемо вклучување на САД во сириската криза.

Заменик на советникот за национална безбедност на САД, Бен Родес наведе дека Обама ги разгледува политичките и воени опции, но напомена дека е можно и да не дојде до брзи реакции на САД.

-Ние сме подготвени за многу неочекувани ситуации во Сирија- рече Родес.

Администрацијата на Обама процени дека во нападите со хемиско оружје во Сирија загинаа околу 150 лица.

САД ја обвини сириската влада за нападите и наведе дека податоците нејверојатно не се комплетни, но и дека немаат информации дека и сириската опозиција користела хемиско оружје како што тврдат силите на Асад.

ОН соопштија дека од почеток на судирите до крајот на април во Сирија загинале околу 93.000 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати