Сачез-Бордона: Лондон има право да се откаже од Брегзит

Од:

Велика Британија има право еднострано да ја прекине постапката за истапување од Европската унија, изјави денеска главниот адвокат на Европскиот суд на правдата, Кампос Санчез-Бордона.

Според него, Судот на ЕУ треба да донесе одлука дека Членот 50 на Договорот за Унијата дозволува еднострано повлекување на одлуката за намерата за напуштање на блокот.

Ставот на главниот адвокат не е обврзувачки за Судот, но вообичаено судиите при носењето на конечната одлука го земаат предвид неговото мислење.

Европскиот суд на правдата, чие седиште е во Луксембург, треба да се изјасната по ова прашање во наредниов период, врз основа на иницијативата на група противници на Брегзитот, кои се залагаат за одржување на втор референдум за истапување на Велика Британија од Унијата.

Судот треба да се произнесе по барањето пред истапувањето на Велика Британија од ЕУ, кое е предвидено за 29 март 2019 година.

Изјавата на Санчез-Боргона доаѓа во пресрет на почетокот на петдневната дебата во британскиот Парламент за Договорот за Брегзит, постигнат меѓу Лондон и Брисел.

Гласањето на пратениците во Долниот дом на Парламентот по Договорот е предвидено за 11 декември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски