Премиерот на Либан Саад Харири денеска ги повика светските сили да го поддржат суверенитетот и независноста на неговата земја, а исто така да придонесат за справување со големиот бегалски бран од соседна Сирија, јави ДПА.
Овој повик, Харири го упати до францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и други високи официјални претставници на денешниот состанок во Париз, кој се одржува заради поддршка на Либан.
Тоа е прв состанок на т.н. Меѓународна група за поддршка на Либан, која ги вклучува петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и други земји.