Руте: Украина ќе мора да ја прифати руската контрола врз делови од нејзината територија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Украина на крајот можеби ќе мора да прифати де факто руска контрола врз делови од нејзината окупирана територија како дел од иден мировен договор.

„Прашањето ќе биде како да се продолжи по прекинот на огнот, вклучително и што тоа значи во однос на безбедносните гаранции за Украина“, рече Руте.

„Кога станува збор за целото ова прашање за територијата, кога станува збор за признавање, на пример, можеби во иден договор дека Русија контролира де факто, фактички дел од територијата на Украина, тоа мора да биде ефикасно признавање, а не политичко де јуре признавање“, додаде тој.

Изјавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска на 15 август за да разговараат за прекинување на војната на Русија во Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски