Руте: Јасно ви кажувам, мора да се подготвиме за војна

Од:

Земјите на НАТО мора да се подготват за војна и да ги зголемат трошоците за одбрана, во спротивно Русија би можела да се обиде нешто слично на она што се случи во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

„Јасно ви кажувам: мора да се подготвиме за војна. Ова е најдобриот начин да се избегне војна“, рече Руте, а пренесува Klix.ba.

Генералниот секретар на НАТО нагласи и дека Европа не смее да покажува слабост кон Русија, во спротивно Русија би можела да проба нешто исто како во Украина.

Меѓутоа, од перспектива на Руте, заканата не доаѓа само од Русија, бидејќи, како што смета тој, Кинезите во голема мера ги прошириле и своите воени капацитети.

Според Руте, Германија особено мора да троши повеќе и да произведува повеќе и мора постојано да го продолжи патот што го избра и во Европа и во Украина.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он

Наришкин: НАТО се подготвува за голем директен конфликт