Руте: Европа мора да излезе со конкретни планови за Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека европските земји треба да направат конкретни планови за Украина доколку сакаат да учествуваат во мировните преговори за ставање крај на војната во таа земја.

– Навистина верувам дека моите европски пријатели треба да презентираат конкретни планови и потоа ќе бидат дел од дискусијата, рече Руте пред Минхенската безбедносна конференција, пренесе Ројтерс.

Изгледите за мировни преговори за војната во Украина се главна тема на многу светски собири од висок профил на Минхенската безбедносна конференција, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги изненади своите сојузници со телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин и најавата за почеток на преговорите за ставање крај на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина