Руското обвинителство бара затворска казна до десет години за кошаркарка поради поседување канабис

Од:

Руското обвинителство денеска пред судот во Химки побара казна затвор од девет и пол години за американската кошаркарка Бритни Грајнер за поседување канабис, пренсе Бета.

Судењето завршува речиси шест месеци по апсењето на кошаркарката на московскиот аеродром и последователниот притвор.

Кошаркарката на Феникс Меркјури се соочува со затворска казна до 10 години. Виновната пресуда изгледа речиси сигурна, со оглед на тоа што Грејнер призна дека во багажот имала електронски цигари полни со масло од канабис.

За време на судењето, адвокатите на двократната олимписка шампионка го повторија нејзиното тврдење дека немала криминални намери и дека маслото од канабис влегло во торбата бидејќи брзо се пакувала.

Тие како сведоци ги повикаа членовите на нејзиниот руски клуб, за кој таа игра во вонсезоната во НБА, кои зборуваа за нејзиниот карактер и приложија писмено сведочење од лекар кој рече дека и препишал канабис за нејзината болка.

Исто така, беше кажано дека Грејнер ненамерно го донела маслото во Русија, бидејќи го користела како лек додека престојувала во Аризона, каде што марихуаната е легализирана за медицински цели.

Обвинителот Николај Власенко изјави дека кошаркарката намерно донел канабис во Русија. Не се знае кога ќе биде изречена пресудата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно