Руско МНР: Убиството на рускиот амбасадор е терористички акт

Од:

Русија го оценува убиството на својот амбасадор во Турција, Андреј Ганадиевич Карлов за терористички акт, а ова прашање ќе биде поставено пред Советот за безбедност на ОН, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Напаѓачот, кој го уби рускиот амбасадор во Турција, бил полициски офицер кој работел во Анкара, јавија западни медиуми, повикувајќи се на извори во турските служби за безбедност.

Турското Министерство за внатрешни работи го зајакна обезбедувањето на руската Амбасада по нападот врз Карлов. Амбасадата сега ја обезбедуваат зајакнати тимови од специјалци на турската полиција.

Во меѓувреме, САД го осудија нападот врз амбасадорот на Русија во Турција, извршен на отворање на руска изложба на фотографии во Анкара, соопшти Стејт департментот.

– Осудуваме каков било облик на насилство без разлика од каде потекнува, се вели во соопштение на Стејт департментот.

Убиството се случи само еден ден пред најавеното патување на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу во Москва каде требаше со руски официјални претставници да разговара за ситуацијата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран